Кумановскиот кризен штав останува на барањето за воведување на 14-дневен карантин на територијата на општината.

По денешниот состанок од Општинскиот штаб информираат дека тие остануваат на своите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата и сите други државни институции и комисии.

Штабот, на седницата, одоговорил позитивно на барањето на Општина Липково за помош, во спроведување на дезинфекција на територија на Општина Липково. По тој повод, штабот и препорача на ЈП “Чистота и зеленило” Куманово да организира дезинфекција со атомизери во соработка со ОШЗС Липково, дезинфекција на јавните прометни површини на територија од општина Липково согласно нивен план а во динамика со ваши можности.

„ЈП Чистота и Зеленило Куманово дополнително да предаде на времено користење дел од опремата за дезинфекција и запрашување (5 моторни пумпи за дезинфекција) на времено користење на ОШЗС Липково и да изврши обука на тимовите за ракување со опремата и постапката за дезинфекција“, порача Штабот.

Штабот го задолжи ЈП „Чистота и зеленило“ да ја реорганизира својата активност по заклучоците на штабот, да продолжи со непречена дезинфекција на територија на Општина Куманово и непречено вршење на нејзината основна функција, износ на комунален отпад.

„Штабот стои на располагање на општина Липково и останатите општини во регионот за соработка и споделување на взаемната помош во борба против епидемијата со Ковид 19“, наведуваат од кризниот штаб по состанокот преку соопштение.