Не може да се забранат прослави, но прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките, кажа претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

– Доколку е одговорна, прославата на Нова година може да се направи во кој било дел на државата. Со почитување на мерките и во домашни услови, со луѓе кои ги познавате и кои со сигурност ги почитувале мерките во периодот пред прославата. Не е добро да се групираат луѓе – истакна Караџовски, додавајќи дека актуелната состојба со вирусот моментно е стабилна, но со широко распротранета инфекција низ државата.