Заменик-директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, на неговиот профил на Фејсбук информираше дека позитивен на коронавирусот.

Тој вели дека резултатот го добил пред неколку дена, а заедно со семејството се чувствуваат добро.

Исуфи им упати порака на граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома и да не се собираат во групи.