Владата денеска на седница донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните.

Како што соопшти премиерот Оливер Спасовски, забраната за движење за сите граѓани од 21 до 6 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21 до 5 часот, заради метежот што се создаде во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.
Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11 часот до 5 часот следниот ден.
Владата на вечерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.
Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.