Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за еден доктор, двајца болничари, седум медицински сестри и едно лице од техничкиот кадар во „8 Септември“. Тие се изолирани и договорени се тестирања на лицата со кои тие имале контакт.

На Гинеколошко-акушерската клиника новодијагностицирани на ковид-19 се сестра и техничар и во моментов трае анализата и анкетите.

Филипче вели дека, сепак, функционирањето на здравствениот систем не е доведен во прашање и дека продолжува да функционира нормално.