Фото: Зоран Антоски

Состојбата со ковид-19 во Кичево се подобрува од ден на ден. Така трендот на намалување на активни случаи продолжи и денес кога немаме новозаболени, а во исто време имаме еден излекуван, со што бројот на активни случаи се спушти на 65 лица. Лекарите од кичевската болница се оптимисти дека оваа поволна клима со намален број инфицирани ќе продолжи и во наредните денови.

– Нашите очекувања дека бројот на активни случаи нема да оди нагоре се остваруваат и овој тренд очекуваме да продолжи и наредните денови и недели. Забележливо е дека граѓаните многу сериозно и приоѓаат на оваа болест, се помалку се групираат, носат заштитни маски каде тоа се препорачува. И покрај топлото време поголемиот дел од денот го поминуваат во сопствените домови за да имаат помалку контакти, што е добра претпоставка за намален ризик од ковид-19. Граѓанската претпазливост и будност, треба да биде секогаш во преден план, особено во периодот што доаѓа, кога и без сопствена волја мора повеќе време да поминуваат дома – нагласи д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб и директор на Здраствениот дом.

Во Кичево вкупниот број на инфицирани изнесува 269, односно има 65 активни случаи и 12 починати. З.А.