Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се прва доза, 1.148 се втора доза, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, две дози примиле 772.424, а трета – 20.119 граѓани. 54 % од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 %, а со две дози опфатени се 46 % од граѓаните над 18 години.

Според бројот на дадени вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 % од популацијата во државата примила две дози вакцина.