Фото: Игор Бансколиев
Според СВР Битола во моментов 90 лица во Прилеп се во домашна изолација и под полициски надзор.
 
Овие граѓани претходно биле во странство и според препораките веднаш по влезот во Македонија се ставени во домашна изолација во траење од 14 дена.
 
  „Паднаа“ и првите кривични пријави за непочитување на мерките за изолација.
Како што информираа од СВР Битола поднесени се четири кривични пријави заради непочитување на мерките за заштита.     Ка.М.