Фото: Архива

Владата ќе побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, по истекот на вонредната состојба во сабота, тој одновно да ја прогласи на целата територија на државата. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека препораката е поради повеќе причини, но, конечната одлука ќе ја донесе претседателот Пендаровски по утрешниот состанок со Советот за безбеднсот.

– Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба поради повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплементирање на препораки и во периодот кој што следува – рече Филипче.

Претседателот на државата, претходно кажа дека ако состојбата со коронавирусот се смирува, тој двапати ќе размисли дали ќе прогласи нова вонредна состојба, по трети пат.

– Важно е прогласувањето на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат само за време на вонредната состојба. Многу е важно тие да важат и понатаму. Важно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми. Во однос на рестрикцијата на движењето, уредбите кои што важат и така натаму. Се уште е важно да имаме инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести, практично можат да се имплементираат преку Владата – рече Филипче.