На денешната владина седница е донесен протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на ковид-19.