Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово по 8, Крива Паланка и Ресен по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 3, Струмица и Гевгелија по 2 и по еден зарезен во Струга, Неготино, Крушево и Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица – тројца починати од Скопје (87, 78 и 62 години) и по едно починато лице од Кавадарци (60), Струга (83), Струмица (72), Кочани (59), Штип (73) и Свети Николе (86). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 7 починати лица во периодот од 22 ноември до 4 декември. Меѓу починатите двајца се од Велес и по еден од Скопје, Гостивар, Охрид, Струмица и Кичево. Тие биле на возраст од 44 до 82 години, при што две лица починале во домашни, а останатите петмина во болнички услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани се и 507 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Битола – 43, Прилеп – 25, Куманово – 22, Охрид – 18, Кавадарци – 17, Велес – 15, Тетово – 14, Делчево – 13, Кочани и Струмица по 10, Крива Паланка – 9, Штип и Свети Николе по 7, Радовиш и Гевгелија по 6, Ресен – 5, Валандово, Струга, Неготино и Берово по 4, Виница и Кратово по 3, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип по 2 и по еден оздравен од Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија.

Направените 2.744 тестови се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-70, лабораторија болница Козле-16, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-114, Биотек-205, Систина-58, лабораторија Лаор-85, Синлаб-26, Ремедика-23, Плодност–32, Генеа-9, Никоб лаб-275, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика–41, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.082.

Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 95.291, Активни 2.698
Куманово 12.954, Активни 192
Тетово 11.348, Активни 93
Прилеп 10.348, Активни 326
Битола 8.851, Активни 506
Гостивар 8.072, Активни 20
Велес 7.354, Активни 171
Кавадарци 7.076, Активни 236
Штип 6.617, Активни 111
Охрид 6.527, Активни 186
Струмица 6.138, Активни 108
Кичево 4.231, Активни 37
Кочани 4.028, Активни 109
Струга 3.910, Активни 33
Гевгелија 2.813, Активни 79
Неготино 2.575, Активни 42
Свети Николе 2.126, Активни 40
Крива Паланка 1.913, Активни 74
Ресен 1.763, Активни 57
Радовиш 1.752, Активни 58
Берово 1.460, Активни 67
Дебар 1.456, Активни 1
Делчево 1.424, Активни 101
Виница 1.161, Активни 18
Пробиштип 1.126, Активни 24
Валандово 956, Активни 45
Кратово 776, Активни 31
Богданци 645, Активни 21
Демир Хисар 620, Активни 50
Крушево 594, Активни 33
Македонски Брод 503, Активни 14
Демир Капија 425, Активни 3
Македонска Каменица 421, Активни 28
Пехчево 353, Активни 10
Дојран 168, Активни 5