Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, соопшти Министерството за здравство.
Со нив, вкупниот број на заболени од коронавирус во земјава засега изнесува 26 лица.
Од Министерството нагласуваат дека состојбата на сите пациенти е стабилна.
Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата.
Повеќе информации ќе следуваат на прес-конференцијата на министерот за здравство, закажана за 14 часот.