Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе разговара за опасноста од делта сојот и заштита на границите со евентуално воведување тестови. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сегашните мерки остануваат на сила, но ќе се менуваат доколку има промени.
– Сите сега препорачани мерки во овој следен период, нормално ако приметиме дека има некаква промена ќе интервенираме и таму, меѓутоа засега нема план да се менуваат. Тоа што би разговарале и евентуално би носеле некаква одлука е во однос на штитењето на границите. Во однос на тестовите. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со која навистина може да се заштитиме – рече министерот Филипче.
Дали поради ширењето на делта сојот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции ќе се разговара на состанокот на комисијата в понеделник. Министерот Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој сој и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.
Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.