Фото: Игор Бансколиев
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на ковид-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции.
Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15 до 28 септември. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.557 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.