Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 937 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19: Скопје – 61, Битола – 6, Кочани – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Кичево и Пробиштип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 11 реинфекции.

Регистрирани се 60 оздравени пациенти од: Скопје – 29, Битола – 10, Штип – 7, Гостивар – 5, Тетово – 2, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Делчево, Берово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје (69г и 91г.) починати лица. Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во период од 15 мај до 7 јуни годинава.

Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.487, активни 257
Куманово 16.685, активни 7
Битола 15.730, активни 31
Прилеп 14.224, активни 6
Тетово 13.489, активни 7
Кавадарци 10.700, активни 8
Велес 9.802, активни 2
Гостивар 9.616, активни 3
Охрид 8.944, активни 8
Штип 8.085, активни 8
Струмица 8.080, активни 5
Кичево 5.654, активни 2
Кочани 5.103, активни 6
Струга 4.730, активни 2
Гевгелија 4.425, активни 1
Неготино 3.700, активни 2
Ресен 2.751, активни 0
Свети Николе 2.637, активни 1
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.419, активни 1
Делчево 1.986, активни 0
Берово 1.693, активни 1
Дебар 1.681, активни 3
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.395, активни 1
Пробиштип 1.268, активни 1
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 0
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 741, активни 2
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0