Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19: Скопје – 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Берово – по 4, Свети Николе и Богданци – по 3, Штип, Струга, Неготино и Радовиш – по 2, Гевгелија, Дебар, Кратово и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (240), регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Охрид – 80, Битола – 36, Кавадарци – 30, Прилеп – 22, Куманово и Гевгелија – по 17, Струга и Радовиш – по 10, Гостивар – 8, Кочани, Велес и Струмица – по 7, Штип и Неготино – по 6, Тетово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Кичево и Валандово – по 3, Крива Паланка, Ресен, Демир Капија и Делчево – по 2, Македонски Брод, Пехчево, и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се три починати лица, од Прилеп (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16 до 24 август.

Досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714