Црногорските власти воведоа забрана за движење за да ја спречат пандемијата на коронавирус, така што граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 19 до 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 часот до понеделник наутро.

Владата на Црна Гора оваа вест ја објави на својот налог на Твитер.

Забраната ќе важи две недели и не се однесува на лица кои работат во јавни служби и обезбедуваат услуги од јавен интерес.