Во Црна Гора во последните 24 часа се потврдени пет нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 288.

Институтот за јавно здравје соопшти дека изминатите 24 часа се направени 158 тестови, од кои пет биле позитивни, од кои три во Улцињ, и по еден случај во Подгорица и Плав.

Најголем број од заболените се од Подгорица – 153.