Во Загреб во 15 часот започна голем протест против ковид-сертификатите и епидемиолошките мерки. Демонстрантите се собраа на две места и излегоа на протестна прошетка низ улиците на главниот град на Хрватска, пренесуваат медиумите во регионот.

Насобраните извикуваа „Пленковиќ оди си!“, барајќи оставка од премиерот Андреј Пленковиќ, како и „Борете се за својот народ!“, а дел од учесниците носеа транспаренти на кои пишува „Слобода не се бара, слободата се живее!“, пишуваат агенциите.

Од загрепската полиција изјавиле дека протестот не бил пријавен, но дека знаеле за собирот. Полицијата секогаш е на масовни собири со цел да го обезбеди јавниот ред, изјавиле од полицијата, пренесува „Индекс“.

– Ова што го направивме денеска е чудо. Немаше политичари, немаше организации и затоа е чудо. Бараме итно укинување на потврдите за ковид – рече организаторот на протестот Андрија Клариќ.

Меѓу барањата на демонстрантите, како што пишуваат медиумите е и итното укинување нма ковид-потврдите за цела Хрватска.