Бројот на потврдени случаи на ковид-19 во Бугарија е зголемен за 250, а вкупниот број на инфицирани во оваа земја достигна 10.871, од кои 4.750 се активни.

Починале уште осум луѓе заразени со коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 355, пренесе агенцијата БТА.

Моментално 699 лица се хоспитализирани, а 40 се на интензивна нега. Заразени се 638 лица од медицинскиот персонал.

Од Ковид-19 во Бугарија досега оздравеле 5.766 луѓе.