Кризата предизвикана од коронавирусот досега ја чинеше Хрватска вкупно 927,4 милиони куни или 123 милиони евра, објави денеска хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.
– Според податоците до 18 ноември, 574,4 милиони куни се потрошени на тестирање, трошоците за лекување се 268,9 милиони, а трошоците за боледување се над 83 милиони куни – изјави Берош.
Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 766 нови случаи, а бројот на активни случаи е вкупно 16.105.
Меѓу нив, 2.956 пациенти се во болница, од кои 294 пациенти се на апарати за дишење. Починаа 80 луѓе.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 195.728 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 3.257 починале, вкупно 176.366 закрепнале, од кои 3.208 во последните 24 часа.
До денес се тестирани вкупно 955.225 лица, од кои 4.614 во последните 24 часа.