Од Министерството за здравство информираат дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот САРС-КоВ-2.
Од 56 обработени примероци позитивни на САРС-КоВ-2, 33 биле позитивни на омикрон варијантата на вирусот, што претставува 59 проценти од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, четворица од Тетово, двајца од Кавадарци и еден од Кочани.
Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируси, инфлуенца – грип тип A и САРС-КоВ-2.