Вирусот ковид-19 останува со нас, но светот почнува да излегува од вонредната фаза на пандемијата, изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој посочи дека агенцијата под покровителство на ОН следната недела ќе објави водич наменет за земјите за тоа како да се премине од итен одговор на долгорочно управување со ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
– Се уште се надеваме дека некаде оваа година ќе можеме да прогласиме крај на вонредната состојба во јавното здравство од меѓународно значење предизвикана од ковид-19 – рече Гебрејесус.