Околу 52 отсто од 47 милиони луѓе во Шпанија влегоа во последната фаза од олеснувањето на мерките воведени како заштита од ширењето на коронавирусот во земјата, откако само едно заразено лице почина претходниот ден.

Владата се обидува до крајот на јуни земјата да ја доведе во „нова нормала“ низ четири фази, од кои во последната се вклучени и автономните покраини како што се северна Баскија, Канарските и Балеарските Oстрови и јужна Андалузија.

Таму се укинува времето кое беше одредено за жителите да излегуваат на улиците, дозволено е да се соберат до 20 лица, а во трговските центри и други места за собирање дозволено е да побиде пополнет 50 отсто од капацитетот, во споредба со периодот пред кризата.

Најголемите градови Мадрид и Каталонија влегоа во втората фаза, каде е дозволено собирање до 15 лица, отворени се трговските центри, кина, театри и концертни сали, но со намален капацитет на посетителите. Градската власт во Барселона инсталираше 18 камери со сензори со кои има намера да го контролира населението на своите 10 плажи во реално време со цел да се избегне прекумерна посета.

Патувањето и туризмот сè уште се забранети. Во Мадрид во неделата имало редици пред продавниците за облека, а терасите на кафулиња и ресторани биле полни. Жителите и натаму носат заштитни маски, а се предвидени се и парични казни за оние што не ги носат. Вонредната состојба ќе трае до 21 јуни.