Епидемиолошката состојба и трендовите со коронавирусот кои владеат на југот на Европа и на Балканот се загрижувачки, изјави денеска Мајк Рајан, шеф на секторот за вонредни ситуации при Светската здравствена организација (СЗО).

– Нема сомнение дека фокусот на пандемијата е во Северна и Јужна Америка, но ширењето на вирусот исто така зема замав и во Африка – рече Рајан за време на интервју за ирското радио „Њузток“.

„Иако земјите од Западна Европа успеаја да ја стават под контрола епидемијата, се појавија загрижувачки трендови во јужна Европа и на Балканот. Сè уште не ја напуштивме зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката состојба бара продолжена будност и претпазливост”, предупреди Мајк Рајан од СЗО.