фото: Фејсбук

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, лично вакцинираше две деца против коронавирус, во рамки на посетата на центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер.

– Голем број деца настрадаа за време на пандемијата. Треба да им обезбедиме вакцини – рече Лаутербах.

Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација.