Во италијанската покраина Бергамо 50 лекари се заразени со коронавирус, а еден од нив починал, соопшти претседателот на Италијанската федерација на здравствени работници, Филипо Анџели.
Тој во писмото испратено до премиерот Џузепе Конте навел дека тројца лекари починале во Италија од избувнувањето на епидемијата, објави агенцијата „Анса“.
Анџели побарал од премиерот да донесе соодветни решенија за да спречи пациентите да имаат слободен и неконтролиран пристап до клиниките и болниците, со што ќе се запре ширењето на вирусот во медицинските установи.