Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус.
Во серијата објавувања на Твитер, тој рече дека тој износ е 28 отсто од неговиот имот. За да ја достигне таа сума, тој постепено ќе продава акции на неговата друга компанија „Сквер“, која е специјализирана за дигитални плаќања.
– Кога се бориме против пандемијата, ќе ги пренасочиме парите кон здравството, образованието и универзалниот доход – додаде милијардерот, чие богатство според „Форбс“ се проценува на 3,3 милијарди долари.
Тој гледа можно решение за проблемот со кој се бори целиот свет.
Како што рече, еден од нив е токму основниот еднаков приход, односно универзалниот приход, кој станува сè позначаен во време кога луѓето ги губат работните места.
– Тоа е генијална идеја која треба да се испита – додаде тој.
Планот за исплата што го објави покажува дека првите 100.000 американски долари се наменети за американскиот Фонд за храна.
– Се надевам дека ова ќе ги поттикне и другите. Животот е краток, па ајде да сториме сè што можеме за да им помогнеме на луѓето веднаш – рече сопственикот на „Твитер“.