Среде вториот бран на панемијата на коронавирус и наглиот пораст на бројот на заразени лица во Европа и САД, директорот на СЗО, Мајк Рајан, им порача на властите: „Ставете ги контактите во изолација“.
– Ако имав право на една желба, со цел да подобрам само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на ковид-19 е во карантин онолку колку што е неопходно, да се скрши синџирот на пренос – рече Мајкл Рајан на прес-конференција во Женева.
– Тоа е една од главните причини зошто гледаме толку високи бројки – рече тој.
Барањето на контактите стана тешко во многу европски земји, а бројот на нови случаи на Ковид-19 буквално експлодираше на Стариот Континент во последните две недели.
– Околу половина од земјите во европскиот регион минатата недела забележаа 50 проценти зголемување на бројот на заразени – рече тој.
Неговата колешка Марија ван Керхове е изненадена што концептот за жаришта на епидемијата создадени од собири каде не се водат мерки, „не влегува во мозокот“.
– Знам дека на луѓето им е доста, но вирусот покажа дека може повторно да се појави со голема брзина и да им се заканува на болниците и здравствениот систем ако не обрнеме внимание на мерките – рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).
Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 40 милиони, а бројот на смртни случаи е 1,1 милиони.