Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на ковид-19: Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции.

Регистрирани сe 616 оздравени пациенти од: Скопје – 300, Битола – 48, Кавадарци – 37, Куманово – 32, Прилеп и Велес – по 30, Тетово и Кичево – по 18, Свети Николе – 12, Струмица и Штип – по 11, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 9, Неготино – 8, Гостивар и Ресен – по 7, Охрид, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Струга, Берово, Пробиштип ,Богданци, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71 година) и Струга (91 година), двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.