Фото/Илустрација: Пиксабеј

Девет лица загинаа во пожар на голем пазар во Толука, петтиот по големина град во Мексико, соопштија властите доцна синоќа.

Едно лице е повредено и пренесено во болница, информираат надлежните од местото лоцирано на околу
65 километри западно од главниот град на Мексико.

Пазарот на Толука е втор по големина во Мексико, со 26.000 посетители дневно.

Според локалната власт, пожарот најверојатно е подметнат поради расправии меѓу продавачите, кај кои и претходно биле евидентирани инциденти.