Фотографијата насловена Вера, надеж и љубов на авторката Билјана Жаков е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Фотографијата е направена во црквата „Св.Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане. Кога се наоѓам во црковен храм, чувството кое ме обзема е возвишено, се водат тука разговори меѓу мене и Бога, ќе капне и понекоја солза и од сета растрепереност во душата сакав да го овековечам моментот со зраците кои мистично продираат низ прозорецот, како поврзаност помеѓу физичкиот и духовниот свет – вели Жаков.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.