Од почетокот на руската инвазија на Украина пред една година, најмалку 18.955 цивили се убиени или ранети во таа земја, објави Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР). Новиот извештај наведува дека бројката е најмалку 7.199 убиени цивили и 11.756 ранети, иако се верува дека вистинските бројки се многу поголеми.
– Само во јануари годинава се регистрирани вкупно 697 цивилни жртви. Овие податоци се однесуваат на насилството на фронтот долг 1.200 километри, односно на настаните во регионите Доњецк Луганск и Запорожје, каде се водат најжестоките битки. Во тој месец е забележан висок интензитет на напади врз здравствени и образовни институции – соопшти ОХЦХР.
– Канцеларијата на ОН ги поврзува тие напади и значителен број цивилни жртви со руската употреба на артилерија и друго оружје на цели кои не се поврзани со украинската војска, се вели во извештајот. Повеќето цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивна муниција, вклучувајќи гранатирање, повеќекратни ракетни фрлачи, проектили и воздушни напади – соопшти ОХЦХР.