Првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот А.Ѓ.(28) околу 2 часот по полноќ е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој од вчера беше баран по потерница поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“.
-По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 1.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на населбата Аеродром – информира Министерството за внатрешни работи.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи објави потерница по лицето Анџело Ѓорѓиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје.
Потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на ракометарот Денис Тот