Фото: Принт-скрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руските сили претрпеле ненадоместливи загуби во воениот конфликт.

– Се сеќавате ли како Русија се фалеше дека ќе го освои Киев за 48 часа? Четириесет и осум часа, што траат 48 дена, руската армија претрпе ненадоместливи загуби, поголеми од загубите на СССР за време на десетгодишната војна во Авганистан – истакна Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата.

Рускиот план вклучуваше брзо заземање на Киев, но пропадна откако руските сили претрпеа големи загуби. Според аналитичарите Москва ја потценила силата на украинскиот отпор, но и можностите на украинската армија.