Винарницата „Стоби“ ги обединува минатото и сегашноста, развивајќи ја традицијата за генерациите што доаѓаат. Длабоката милениумска љубов за одгледување винова лоза и квалитетно грозје, до создавање врвно вино, се спојува во совршена хармонија со современата технологија и методи
Виното го спојува минатото со иднината! Тоа е нашата дефиниција на традицијата, велат од винарницата „Стоби“, која создава врвно македонско вино.
Неделава почна годинашната берба на винско грозје. Со тоа, токму од сопствените лозови насади, во близината на винарницата, започна новата македонска винска приказна.
– Еве, деновиве, со бербата на првиот вински грозд, повторно се раѓа страста кон виното, страста кон вината на „Стоби“. Токму оние неколку сончеви недели плус што ги добива нашето грозје се малото парче перфекција потребнo за создавање уникатно ремек-дело како што се вината на „Стоби“. Тие ја долеваат таа нијанса, првата магична состојка потребна за неговата божествена сласт да отскокне од сите други и неизбежно да ве заведе. Другата магична состојка се водите на Вардар и Црна, кои ги носат благодатите директно од највисоките и најчисти планински предели на нашата земја. Токму тука, кај „Стоби“, тие се судираат во страстен спој и сето богатство го подаруваат на местото каде што се сретнале – истакнуваат од „Стоби“.Единствената специфичност на тероарот, со сите свои природни карактеристики и предности, претставува значаен предуслов за одгледување висококвалитетни вина.
– Единствената специфичност на тероарот, со сите свои природни карактеристики и предности, претставува значаен предуслов за одгледување висококвалитетни вина. Затоа ги избравме Тиквешкиот Регион и античкиот град Стоби за место на кое ќе ја одгледуваме и созреваме страста за да ви ја понудиме во најчист вид. Тука ја поставивме нашата винарница и тука и само тука ги одгледуваме сите наши лозови насади – велат од винарницата.
Во „Стоби“ се посветени на создавањето вина со врвен и беспрекорен квалитет.
– Нашата мисија е да создадеме вина за секој љубител на вино, за секоја маса и за секоја пригода. Посветени сме на создавањето вина со врвен и беспрекорен квалитет, вина доволно уникатни да го задоволат и најпребирливиот вкус, а толку едноставни за секој да ги посака. Затоа, ги овозможивме најдобрите услови за остварување на таа цел – велат од „Стоби“.