Германските безбедносни сили претресоа неколку имоти во Берлин, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн во врска со забраната за терористичката организација Хамас и меѓународната мрежа Самидун во Германија.
Како што јави ДПА, сојузното Министерство за внатрешни работи соопшти за рациите рано утрово.
Германското МВР на почетокот на месецов ги забрани активностите на двете организации.