Индија ја погоди најсилно невреме во последните 20 години, проследено со силни ветрови. Во опасност се околу 100 милиони луѓе на источниот брег на земјата. Циклонот „Фани“ е најсилно невреме кое го погодило овој дел на Индија од 1999 година, кога во тропски циклон загинаа најмалку 10.000 луѓе.

Како што пренесуваат локални медиуми, полицијата потврдила смрт на едно лице. Циклонот во целост е над земјата, со размер од околу 30 километри и е прв забележан удар на тлото.

Поради невремето отворени се 900 засолништа низ државата Одиша, каде ќе бидат сместени евакуираните луѓе. Училиштата не работат денеска и утре, а спасувачките екипи одат од куќа до куќа и предупредуваат луѓето да се евакуираат.

– Им кажуваме што да земат кога ќе се евакуираат, а ги предупредуваме на мерките за опасност ако одлучат да останат во својот дом – рекол за Си-ен-ен помошникот поручник на националната единица за итни случаи.

Рибарите се предупредени да не излегуваат на море за време на овие исклучително опасни услови. Се очекува невремето „Фани“ да донесе големо зголемување на нивото на морето кое ќе ги поплави подрачјата низ кои поминува циклонот.

Се очекуваат и големи штети да предизвикаат силните ветрови. „Фани“ е прв циклон оваа година во Индискиот Океан.