Фото: Пиксабеј

Кина го одобри првиот лек за луѓето што имаат ковид-19, две години откако болеста за првпат беше откриена на нејзина почва, од каде што се прошири во пандемија.
Лекот, кој доби зелено светло од кинеските служби, спречува заболените да развијат тешки компликации.

Кинеските власти досега ги одобрија вакцините произведени од домашни научници, и велат дека повеќе од 70 отсто од населението е вакцинирано.

Националната агенција за лекови на Кина објави дека итно одобрила кинески лек против ковид-19 базиран на моноклонални антитела. Тие се врзуваат за протеинот на коронавирусот и на тој начин ја намалуваат неговата способност да навлезе во човечките моноцити.

Според Универзитетот „Цингхуа“, клиничките испитувања покажуваат дека третманот може да ги намали хоспитализирањата и смртниот исход и за 80 проценти.
Локалните медиуми јавуваат дека лекот им бил даден на луѓе што неодамна се разболеле кога се појавиле нови соеви на коронавирусот.

Инаку, Кина во четвртокот објави дека има 83 заразени во целата земја. Во Кина се користат неколку вакцини развиени од тамошните научници. Светската здравствена организација (СЗО) одобри две кинески вакцини, и тоа на производителите „Синовак“ и „Синофарм“.