Списанието „Вог“ ја користеше омилената песна од 1990-тите и раните 2000-ти години за да го најави враќањето на модните трендови од крајот на милениумот, повикувајќи ги помладите генерации да ги покажат своите модни комбинации со „Макарена“ и да танцуваат.
Пред да се создадат танци на ТикТок, постоеше „Макарена“. Таа се играше на секој училиштен танц, матура и роденден во доцните 1990-ти и раните 2000-ти. Синглот, објавен во 1996 година, помина повеќе од 14 недели меѓу првите 100 и оттогаш остана во срцата на многумина.
Во најновото видео на „Вог“ за модните колекции за пролетта 2022, песната се враќа со презентација на омилените парчиња облека и порториканскиот рапер Бед Бани. Оригиналното музичко видео прикажува куп девојки во облека од овој период, заедно со двајцата пејачи на хитот, Антонио Ромеро Монге и Рафаел Руиз Пердигонес, од групата „Лос дел Рио“.
Сега песната се врати заедно со највозбудливите колекции за пролетта 2022. Уживајте во визуелната гозба на облека наменета за овој период со врвните модели и Бед Бани, се разбира – напишаа тие на официјалниот инстаграм-профил на магазинот „Вог“.
Голите стомаци, панталоните со низок струк и блескавите светли бои повторно се во мода. Римејкот на „Макарена“ се совпаѓа со модното лудило од раните 2000-ти години, пишува „Вог“.