Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски не постигнаа договор за определување датум за парламентарните избори.

Двајцата денеска на покана на претседателот Стево Пендаровски, одржаа средба во „Вила Водно“.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.