Последниот извештај на Евростат покажува дека жителите на Луксембург и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.
Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот од Луксембург, според Евростат.
Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.
Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија.
Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.