Фото: Принтскрин

„Твитер“ се бори да ги задржи вработените откако неговиот нов сопственик Илон Маск побара тие да се посветат на прекувремена работа со висок интензитет или во спротивно да ја напуштат компанијата.

Кризата во „Твитер“ синоќа се продлабочи, бидејќи беше објавено дека стотина вработени дека го отфрлиле ултиматумот на Маск, загрозувајќи ја способноста на компанијата да продолжи да работи како што е вообичаено, пишува „Гардијан“.

Откако компанијата привремено ги затвори своите канцеларии за вработените, корисниците на Твитер почнаа да се збогуваат со оваа социјална мрежа и да се поврзуваат со сметки на други платформи.

Заминувањата од компанијата вклучуваат голем број инженери одговорни за поправање грешки и спречување на прекини во услугата, покренување прашања за стабилноста на платформата поради загубата на вработени и поттикнување дискусии за управувањето за потребата да се вратат некои вработени, рекле сегашните и поранешните вработени во „Твитер“.

Како прв знак дека бројот на луѓе кои одбиваат да го потпишат ултиматумот на Маск е поголем од очекуваното, е неговото ново известување до вработените во четвртокот преку кое тој им порача дека ќе им биде дозволено да работат од дома доколку нивните менаџери ги потврдат нивните „одлични перформанси“.