Фото: РКЕ

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар, а дали тоа го сториле согласно законот, ќе утврдат надлежните институции – Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција.

Според Бектеши, тие што ги исполнуваат условите имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар.

– Нивната листа не се крие. Но, јас кажав една основа врз која треба да се направи контрола од страна на УЈП и Финансиската полиција. Веќе е донесена таква одлука од наша страна за автоматски, согласно одлуката за прогласување кризна состојба каде што можеме како Министерство да им даваме права и обврски на сите носители на лиценци во делот на енергетиката за тие автоматски да бидат извадени од регулиран пазар, а тие што ги исполнуваат условите секако дека имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар. Обратете се во УЈП и во Финансиска полиција за да бидете навремено и соодветно информирани за сите постапки што тие ги преземаат – рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис-настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.