Фото: Маја Јаневска-Илиева

Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,5 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,5 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС за 2,115 денари за килограм и ќе изнесува 40,056 денари за килограм.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 77,5 денари, Еуросупер БС – 98 ќе продава за 79,5. Литар Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 79,50, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

– Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот – вели во изјава за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.