Фото: МИА

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција во Владата информираше дека со новиот закон за индустриски емисии, сите инсталации кои имаат А-интегрирана дозвола ќе бидат обврзани да имаат мерна станица што ќе го мери загадувањето 24 часа.

– Со новиот закон за индустриски емисии, кој сега го завршивме и е во владина процедура, ние ќе ги обврземе сите инсталации во државата кои имаат А-интегрирана дозвола самите да имаат мерни станици внатре во инсталацијата, што ќе мерат 24 часа и тие податоци да бидат достапни за јавноста во секој час – нагласи Нуредини.