АД ЕСМ на 22 октомври годинава произведе 12.040 мегаватчасови електрична енергија со што целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените домашни капацитети. Ова денеска го изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи по работниот спостанок во РЕК Битола, заедно со доикреткорот на Комбинатот Васко Ковачевски. Сепак, како што соопшти владината прес-служба, вицепремиерот нагласил дека иако ЕСМ 100 процентно ги задоволил потребите за струја на домаќинствата, струјата мора разумно да се троши и дена нема опуштање. Според вицепремиерот, ова е одговор на Владата на енергетската криза.

Директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски, информирал дека е завршен ремонтот на термоелектраната и успешно е ставен во функција блок 1, а блок 2 континуирано е во функција.

– Во наредниот период се очекува да пристигне и трансформаторот за блок 3 со што ќе може да бидат во функција сите три блокови за производство на РЕК Битола – изјавил директорот Ковачевски, соопштија од Владата. Битиќи и Ковачевски го посетиле и рудникот „ПЈС“, поранешен „Суводол“, каде констатирале дека има значителен ископ на домашен јаглен за производството на РЕК Битола, а со тоа и зголемено производство на електрична енергија.