Фото: Нова Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година.

Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот.

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска на полноќ ќе се продава по 94 денари за литар.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по три денари. Од 21 јули ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 90 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 92 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за седум денари и ќе изнесува 93 денари за литар.

Новата цена на мазутот М-1 НС ќе биде 45,373 денари за килограм, што претставува зголемување од 3,205 денари.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, кои во однос на претходната пресметка се зголемиле кај бензините за 9,003 проценти, кај дизелот за 14,963 проценти, кај екстра лесното масло за 13,2 проценти и кај мазутот за 10,686 проценти.

Во новата пресметка е применета и одлуката на Владата за намалување на акцизата за бензините за 1 денар по литар и за дизелот за 2 денари по литар.

Од РКЕ напоменуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.