Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто во однос на одлуката од 12 јуни.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.

Од 20 јуни од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,5 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,5 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,5 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,5 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,323 отсто, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 2,623 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819 отсто.