Фото: Игор Бансколиев

Паѓа цената на нафтата на светските берзи

Нафтата вчера продолжи да паѓа во европското тргување, при што брент за испорака во ноември падна под 85 долари за барел, покажаа податоците од лондонската берза ИЦЕ.
Договорите се тргуваат по 84,91 долари за барел, или 1,44 отсто под нивото на крајот од претходната сесија.
Во исто време, фјучерсите на американската лесна сурова нафта загубија 1,83 отсто до 7,33 долари за барел.


Поскапува дизелот во Македонија

Бензинот еуросупер БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар еуросупер БС-95, додека еуродизел (Д-Е V) и екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од вчера на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на еуросупер БС-98. Литар еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари екстра-лесното масло 1 (ЕЛ-1).
Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 21 септември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158 проценти, кај дизелот зголемување за 0,928 проценти, кај екстра-лесното масло зголемување за 0,834 проценти, а кај мазутот намалување за 2,998 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762 проценти.


Еврото и фунтата на рекордно ниско ниво во однос на доларот

Еврото во текот на ноќта падна на ново, 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.
Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.
Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот.
Во утринското тргување и двете валути почнаа малку да закрепнуваат.